What happens at the centre

Процедури во центарот за апликации за виза

На денот на Вашиот термин:

  • Потрудете се да пристигнете 15 минути пред закажаниот термин

  • Потрудете се да пристигнете 15 минути пред закажаниот термин

  • Само на апликантите, старателите и лицата што придружуваат деца на возраст под 18 години, им е дозволен влез во Центарот за апликации за виза.

  • Понесете отпечатен примерок од Вашата апликација за виза, како и важечки пасош или патна исправа со најмалку 2 празни страници од обете страни.

  • Доколку аплициравте за виза преку интернет, откако ќе го добиете Упатството за обезбедување на биометриски податоци (БИЛ), донесете испечатен примерок од Упатството за обезбедување на биометриски податоци (БИЛ), формуларот за давање согласност, како и важечки пасош или патна исправа со најмалку 2 празни страници од обете страни.

  • Понесете ја целосната придружна документација (оригинали и копии).

  • Доколку поднесувате апликација за виза за деца на возраст под 5 години, тие исто така треба да присуствуваат на закажаниот термин, но не мора да обезбедат отпечатоци од прсти.

  • Децата на возраст под 18 години треба да бидат придружувани од возрасно лице што не смее да биде лице вработено во ВФС Глобал.

биометриски податоци

На сила од 02 ноември 2019 година, претходното назначување е задолжително за запишување на биометриски во Центарот за апликации за визи во Канада во Северна Македонија.

За да дознаете дали е потребно да обезбедите биометриски податоци, Ве молиме посетете го следниот линк: http://www.cic.gc.ca/english/visit/biometrics.asp.

Регистрацијата на Вашите биометриски податоци го вклучува следното:

  • Ќе се земе отпечаток од прст и ќе се направи фотографија на Вашиот лик.

  • Дигиталниот скенер за отпечатоци од прсти ќе овозможи генерирање на отпечатоци од сите 10 прсти, и истовремено, ќе се направи дигитална фотографија. Ова претставува брз, дискретен и ненаметлив процес.

  • Дигиталната фотографија мора целосно да го прикажува Вашето лице. Не смеете да носите очила за сонце, затемнети очила за гледање или пак, друг вид на облека што го прикрива лицето, освен доколку се носи заради религиски или етнички причини.

  • Доколку на Вашите прсти имате мали минливи повреди, се препорачува да почекате истите да зараснат па потоа да дадете отпечатоци.

  • При земањето на отпечатоци од прстите, на Вашите прсти не треба да има никакви форми на привремени декорации како на пример, менди (вид на привремени тетоважи), бидејќи тие ја попречуваат работата на скенерот.

  • Доколку аплицирате за виза за привремен престој, студентска виза и работна виза, потребно е еднаш на секои 10 години да обезбедувате биометриски податоци.

  • Меѓутоа, доколку аплицирате за дозвола за постојан престој, ќе мора со секоја апликација да обезбедите и Ваши биометриски податоци.

  • Доколку во минатото сте поднеле барање за виза за привремен престој, студентска или работна виза и не сте сигурни дали веќе сте ги доставиле своите биометриски податоци, Ве молиме, посетете ја веб-страницата на ИРЦЦ , и дознајте дали Вашите биометриски податоци се сè уште важечки.

Процедура за вршење претрес

Заради безбедносни причини, ние го задржуваме правото да извршиме случајни претреси на личните торби на апликантите и посетителите.

Нашиот персонал има право да работи без страв од злоупотреба или заплашување. Во ниту еден случај нема да се толерира било какво вербално заканување или навредување или пак, таков физички однос кон нашиот персонал.