Внимавајте на лажни понуди за вработување

Лажно регрутирање на работници / Лажни понуди за вработување

ВФС Глобал доби информации дека, поединци кои погрешно се претставуваат како нивни агенти или претставници им пристапувале на луѓето со понуди за лажни / фиктивни можности за вработување, со намера да ги украдат нивните лични податоци или да изнудат пари од нив. Ве молиме да внимавате и правилно да размислувате доколку се случи да добиете понуда за вработување, за која е потребно да се исплатат било какви такси / пари или пак доколку добиете ветување за добивање на работна виза во замена за одредена сума на пари. Споменатите понуди се целосно лажни и неважечки. ВФС Глобал не е агенција за регрутирање на работници и не нуди услуги за вработување. Измамниците работат првенствено преку интернет, е-пошта, телефон итн. Ние ги предупредуваме луѓето да внимаваат на ваквите измами.

Ве информираме дека ВФС Глобал претставува компанија за обработка на визи и ние работиме само со владини и дипломатски претставништва за исполнување на нивните административни барања за обработка на апликациите за виза. Ниту ВФС Глобал ниту неговите претставници нема, под било какви околности, во просториите на ВФС Глобал или надвор, да бараат пари од поединци за да ги намамат со можности за вработување. Доколку добиете било каква понуда што би требало да биде од ВФС Глобал, во која се бара одреден износ на парични средства, тогаш се работи за измама.

Предупредувачки знаци за постоење на измама за вработување:

  • Е-поштата не е испратена од официјална адреса за е-пошта на ВФС Глобал, туку од бесплатна е-пошта, како што се: Hotmail, Gmail, Outlook, Yahoo, итн. Исто така, возможно е електронската порака да биде испратена од лажна е-адреса..

  • Од Вас се бара да откриете приватни или доверливи информации.

  • Од Вас се бара да одржите интервју преку телефон или преку програма за инстант-пораки.

  • Од Вас се бара да исплатите некакви такси/парични средства.

  • Од вас се бара да пополните лажни документи за вработување, како што се формулари за апликација или виза за вработување (името и логото на ВФС Глобал би можеле да бидат фалсификувани / фабрикувани и прикажани на документацијата без овластување).

  • Се инсистира на итност.

  • Ќе Ви бидат побарани парични средства за обработка на дозволи за работа, апликации за виза или слично.

Ваквите активности веројатно се наменети за да се измамат жртвите или од нив да се добијат лични податоци.Активностите на овие лица вклучуваат кривична и граѓанска одговорност. И покрај тоа што ВФС Глобал сериозно ја сфаќа таквата материја и го задржува своето право да контактира со надлежните агенции за спроведување на законот, да ги испита и гони ваквите незаконски активности, најчесто е тешко да се лоцираат и судат овие лица.

Затоа, доколку добиете барање, или писмено или вербално, за интервју или понуда за работа за која сметате дека е или може да биде измама или Ви предизвикува сомнеж, Ве молиме да го игнорирате. Исто така, ова може да го пријавите во ВФС Глобал на  [email protected]

Доколку дознаете дека е извршена измама, Ве охрабруваме веднаш да ги контактирате локалните полициски служби и/или надлежните органи и исто така да не информирате со тоа што ќе пријавите измама на [email protected]

ВФС Глобал во никој случај односно, под никакви околности не одговара или не сноси одговорност за било каква загуба, штета, трошоци или непријатности како резултат на овие неовластени лица и/или активности.

Надоместоци за услуги што ги нуди ВАЦ:

Надоместок за услуга (по апликант) Вредност во канадски долари (вклучен ДДВ)Вредност во МКД (вклучен ДДВ)

Услуга за курирска пошта (за еден апликациски пакет) - внатре во Скопје

$6.82307.00

Услуга за курирска пошта (за еден апликациски пакет) – сите други градови

$11.80531.00

Фотокопирање

$0.2210.00

Принтање

$0.4420.00

СМС

$3.00135.00