ОДРЕКУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ И ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ
ОДРЕКУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ И ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ
Одрекување од одговорност
Следниве одредби се однесуваат на сите апликанти кои одлучиле да користат или имаат намера да ги користат услугите што ги нуди Центарот/ите за апликации за виза за Канада, независно од тоа дали услугите ќе се користат директно или преку е-пошта.
VF Worldwide Holdings Ltd. (во натамошниот текст именувано како „ВФС”) нуди надворешни услуги во име на Канадската канцеларија за имиграција, бегалци и државјанство („ИРЦЦ“). Во ова својство, ВФС преку своите подружници или партнери, управува со Центарот/ите за апликации за виза за Канада при што, има овластување да ги извршува административните функции во име на ИРЦЦ поврзани со визи за привремен престој и дозволи и апликации за патни исправи за постојани жители на Канада. Апликантите се согласни и разбираат дека во ниту еден случај давачките што им се исплаќаат на ВФС за обезбедените услуги, не може да им бидат вратени.
Апликантите потврдуваат дека одговорната Канадска канцеларија за визи го задржува правото да побара дополнителна документација или да закаже интервју со цел да донесе одлука во врска со одредени апликации за виза.
ВФС не презема никаква одговорност и не гарантира за следново:
Резултатот од било која апликација.
Како што е експлицитно наведено во овој дел, ВФС не е одговорен и со тоа ја исклучува целата одговорност во врска со било каква повреда, загуба или оштетување од било кој вид, што произлегува од било какво одложување во обработката или одбивањето на одредена апликација за виза.
Иако се преземаат секакви мерки на претпазливост при постапувањето со документите на апликантот, вклучително и пасошите, ВФС, нема да биде одговорен или да сноси одговорност (освен во мера и на начин како што е споменато подолу) во рамки на договор, измама или на било кој друг начин за било каква повреда, загуба или оштетување нанесено на апликантите од било кој вид, без разлика дали произлегува од:
Ракување со пасоши и документи од страна на Центарот/ите за апликации за виза за Канада и соработниците;
Сите дополнителни услуги што ги користеле апликантите;.
Виша сила;
Било каква несреќа или кражба од било кој размер;
Било какви други околности што се вон контрола на Центарот/ите за апликации за виза за Канада и соработниците.
Во случај на губење или оштетување на пасошот за време на курирската достава и/или додека е во сопственост на ВФС и/или Центарот/ите за апликации за виза за Канада, неговите соработници, одговорноста на ВФС и/или Центарот /ите за апликации за виза за Канада и неговите соработници е ограничена само на надоместување на службените давачки наметнати од страна на надлежните органи за замена на изгубени или оштетени пасоши и визи само преку нормална процедура за аплицирање. ВФС и/или Центарот/ите за апликации за виза за Канада и неговите овластени соработници односно, не сносат никаква одговорност за било какви последователни загуби или штети што му се предизвикани на апликантот заради загуба или оштетување на неговиот/нејзиниот пасош или придружната документација.
Сите надоместоци за услугите обезбедени од страна на ВАЦ, а кои се наведени во делот за Распоред на услуги и надоместоци за услугите на оваа веб-страница, се неповратни.
На оваа веб-страница ВФС постави линкови кои водат до други веб-страници што апликантите можеби ќе посакаат да ги посетат. ВФС не врши преглед на таквите веб-страници и нема контрола врз нивната содржина. Затоа, ВФС не прифаќа никаква одговорност доколку апликантите ги посетуваат тие веб-страници и ги користат нивните услуги. Веднаш по притискањето на линкот што води до друга веб-страница, апликантот подлежи на условите на таа страница. Важно е да се напомене и дека ниту еден вработен / соработник на ВФС нема право или овластување да ги менува, дополнува и нагласува содржините опфатени овде.
Овие услови, во секој аспект ќе бидат регулирани согласно локалното законодавство и сите спорови кои ќе произлезат од овие Услови ќе бидат решавани под ексклузивна надлежност на локалните судови.
Политика за приватност
1. Вовед
VF Worldwide Holdings Ltd. со своите компании и подружници ширум светот („VFS Global“, „ние“ или „нас“) е овластен Договарач за имиграција, бегалци и канадско државјанство (IRCC) овластен е и да извршува административна поддршка и услуги за биометриско собирање податоци поврзани со обработка на апликации за виза за престој, дозвола и патна исправа („процес за аплицирање за виза“)
2. Домен
Ова Известување за приватност се однесува на одредбите за дополнителни услуги што ги обезбедува VFS Global наведени подолу.
За информации за тоа како IRCC ги собира и употребува вашите лични податоци поврзани со „процесот за аплицирање за виза“, ве молиме осврнете се на делот Известување за приватност или Откривање од важечкиот формулар за апликација или на нивната веб страна.
Дополнителни услуги
Дополнителните услуги обезбедени од VFS Global кои спаѓаат во доменот на ова Известување за приватност се:
Закажување термин во Центарот за аплицирање за виза (VAC).
Следење и пренос на апликација/документ.
Обезбедување работни станици за самостојна услуга за апликација за виза.
Курирски услуги за достава на документ.
во понатамошниот текст наречени („Услуги“).
Не е задолжително да ги дадете вашите лични податоци за „Услугите“, меѓутоа, без да ги обезбедите потребните лични податоци, можеби нема да бидеме во можност да ги испорачаме овие услуги.
VFS Global како овластен Договарач за имиграција, бегалци и државјанство во Канада (IRCC) се придржува кон упатствата и обврските на IRCC при собирањето, употребата, откривањето, заштитата, задржувањето и отстранувањето на личните податоци поврзани со „процесот за аплицирање за виза“.
Во однос на услугите што ги обезбедува VFS Global, ова Известување за приватност ги опишува:
Целта и овластувањето за собирање и употреба на вашите лични податоци;
Одговорните страни за ракување со вашите лични податоци;
Како да контактирате со одговорните страни за ракување со вашите лични податоци;
Зошто се собираат вашите податоци;
Кои податоци се собираат;
Пренесување на вашите податоци оф-шор;
Колку долго се чуваат вашите податоци;
Со кого ги споделуваме вашите информации;
Вашите индивидуални права во врска со вашите лични податоци;
Пристап или ажурирање на вашите лични податоци;
Како се заштитени вашите податоци;
Кого да контактирате доколку сте загрижени за приватноста?
Може да го менуваме ова известување од време на време, затоа ве молиме повремено проверувајте ја оваа страница за да се осигурате дека сте запознати со промените.
Ако имате било какви прашања во врска со ова Известување за приватност или нашите практики за приватност, ве молиме контактирајте го нашиот Службеник за заштита на податоци
3. Овластување и цел за собирање и процесирање.
Овластување:
VFS Global е овластен од страна на IRCC да извршува административна поддршка и услуги за биометриско собирање податоци поврзани со обработка на апликации за виза за привремен престој, дозвола и патна исправа. IRCC ги ограничува личните податоци кои треба да се соберат, употребат и откријат од страна на VFS Global како дел од процесот за аплицирање за виза. Дополнителни детали за овој процес може да се најдат на овој линк
Овластувањето (законската основа) за собирање лични податоци од поединци за обезбедување:
Закажување термин во Центарот за аплицирање за виза (VAC).
Следење и пренос на апликација/документ.
Обезбедување работни станици за самостојна услуга за апликација за виза.
е обезбедено од страна на IRCC како дел од Договорот помеѓу IRCC и VFS Global.
Со обезбедувањето на комерцијалната услуга за курирска достава на документи, доколку законот за заштита на податоци во вашата земја на живеење дозволува, тогаш ќе ја искористиме законската основа за „извршување на договорот“ како овластување за собирање и употреба на вашите лични податоци.
Ова значи едноставно кажано, дека кога ја купувате дополнителната услуга за курирска достава на документи, склучувате договор со нас да ја испорачаме таа услуга. Очигледно е дека ние не можеме да ја испорачаме таа услуга без собирање и употреба на некои лични податоци, тогаш со склучувањето на тој договор се подразбира дека сте дале дозвола (согласност) ние да ги собираме и употребуваме тие лични податоци. На пример, за да обезбедиме курирската услуга, нам ќе ни треба адреса за достава.
Доколку законот за заштита на податоци во вашата земја на живеење нема законска основа за „извршување на договорот“, тогаш ќе побараме ваша експлицитна согласност за собирање на вашите лични податоци за курирска достава на документи од наша страна.
Цел:
Личните податоци се собираат и употребуваат со единствена цел да се олесни апликацијата за виза и да се обезбедат услугите опишани погоре. Ние не ги користиме вашите лични податоци за ниедна друга цел.
Обезбедувањето на лични информации на VFS е доброволно. Сепак, имајте во предвид дека одбивањето на обезбедување лични информации може да ја ограничи нашата способност да ги обезбедиме бараните услуги. Личните информации се собираат директно од апликантот или од овластен претставник во име на апликантот.
4. Страните одговорни за ракување со вашите лични податоци;
Обработка на апликација за виза:
IRCC е одговорен за употребата на личните податоци кои вие ги обезбедувате во формуларот за апликација за виза и за податоците добиени од вас во врска со обработката на вашата апликација за виза. Оваа улога е позната како „Организација“ во рамките на канадскиот акт за заштита на лични информации и актот за електричeн документ (PIPEDA). Оваа улога може да биде позната и како „Контролор на податоци“, „Доверител на податоци“ или слично во зависност од вашата земја на живеење.
Ве молиме погледнете го овој линк за повеќе информации за тоа како IRCC ги заштитува вашите лични податоци.
Обработка на дополнителни “Услуги”:
Кога VFS Global обезбедува дополнителни “Услуги” на ваше барање, како курирска достава на документ, VFS Global е одговорен за ракување со личните податоци кои вие ги обезбедувате во врска со овие услуги.
5. Како да контактирате со одговорните страни за ракување со вашите лични податоци?
Контакт деталите за IRCC се:
365 Laurier Ave W, Ottawa, ON K1P 6A6, Canada.
Или преку овој линк.
Контакт деталите за VFS Global се:
VF Worldwide Holdings Ltd,
Unit 3205, 32nd Floor,
Jumeirah Business Centre,
1 Tower, Cluster G,
Jumeirah Lakes Towers,
P.O. Box 114100,
Dubai, UAE.
или email: Службеник за заштита на податоци
6. Зошто се собираат вашите податоци.
Вашите лични податоци се собираат за:
Извршување административна поддршка и услуги за биометриско собирање податоци поврзани со обработка на апликации за виза за престој, дозвола и патна исправа за IRCC.
и за:
Закажување состанок во Центарот за апликација за виза (VAC)
Да го докажете вашиот идентитет кога ќе дојдете да го подигнете вашиот плик со одлуката.
Да ви овозможи следење на напредокот на вашата апликација;
Да ви обезбеди дополнителни услуги по ваше барање.;
7. Кои информации се собираат
Информации кои може да бидат побарани.
Кога VFS Global извршува административна поддршка и услуги за биометриско собирање податоци поврзани со процесот за апликација за виза:
Апликантите може да бидат прашани да обезбедат одредени лични информации за процесот за апликација за виза кои вклучуваат;
Име,
Фотографија,
Адреса,
Датум на раѓање,
Телефонски број,
Информации за пасош,
Извод на родени,
Приходи/финансиски информации
Статус на државјанство,
Брачна состојба,
Информации за вработување,
Проверка на криминална позадина
Информации за образовна позадина.
Биометриски податоци.
За подробни информации за тоа како се употребуваат и заштитуваат вашите биометриски податоци, ве молиме погледнете на овој линк
Овие горенаведени лични информации се собираат за да се обезбедат информации за имиграција, бегалци, канадско државјанство (IRCC) за обработка на вашите барања за визи и дозволи. Овие лични податоци може да се користат и за враќање на вашиот пасош и документи откако апликацијата ќе биде обработена од IRCC на начин овластен во моментот на поднесување на апликацијата.
CCTV системите се користат во нашите центри за апликација за виза, каде што е дозволено со локалниот закон, за безбедност на апликантите за виза и персоналот. CCTV сликите подоцна се бришат според барањата на локалниот закон. За понатамошни информации за употребата на CCTV во центарот за апликација за виза контактирајте го нашиот Службеник за заштита на податоци.
Кол центар статус на апликација:
Апликантите може да изберат да го дадат своето име и референтен број или единствената идентификација (ID) за следење на апликацијата по телефон за да добијат ажурирање на статусот на нивните апликации за виза, дозвола или патна исправа.
Онлајн следење на апликација:
Од апликантите ќе се бара да обезбедат датум на раѓање и идентификација (ID) за следење на нашата веб страна со цел следење на статусот на нивната апликација.
Прашања за апликантите:
Може да собереме одредени ограничени лични информации како што се:
дадено (прво) и семејно име.
датум на раѓање,
телефонски број,
адреса на улица,
email адреса,
датум на аплицирање,
идентификација (ID) за следење;
Кога не контактирате на телефон со барање или коментар, не треба да давате повеќе лични детали отколку што е барано за време на комуникацијата. Препорачуваме апликантите да не ја откриваат специфичната природа на услугата што ја бараат или апликацијата направена преку e-mail.
Информации што VFS Global може да ги побара за да обезбеди дополнителни “Услуги”.
VFS Global може да ги побара следниве контакт информации за да обезбеди курирска услуга за документ кога ќе биде побарано:
дадено (прво) и семејно име.
адреса за достава,
мобилен телефон.
Собирање информации и нивна употреба при посета на нашата веб страна:
Како и многу други веб страни, веб страната на VFS Global користи колачиња. „Колачињата“ се мали делови на информации испратени од организација до вашиот пребарувач и складирани на вашиот уред. Една цел за која ги користиме е да помогнеме во собирањето статистички информации за вашите пребарувачки дејствија и шеми, но тие не ве идентификуваат како поединец за нас. Други употреби се да го поставите посакуваниот јазик и да му кажете на вашиот пребарувач кои страници веќе сте ги посетиле за да можете да ја користите функцијата „Назад“. Колачињата ни помагаат да ги подобриме нашите веб страни и да испорачаме поперсонализирана услуга.
Ние ви обезбедуваме избор да ја прифатите или да ја одбиете употребата на колачиња кога ја посетувата нашата веб страна, и вие може да ги промените поставувањата на Колачиња во било кое време на ова копче.
8. Пренесување на вашите податоци оф-шор;
Со цел да го олесниме вашето барање за виза и да обезбедиме услуги како што се закажување состанок и следење на вашата апликација, ние ќе ги пренесеме вашите лични информации, внатрешно во VFS Global, во еден од нашите центри за податоци лоциран во Канада, како што се бара во нашиот договор со Канада.
Личните податоци обезбедени за вашата апликација за виза ќе бидат испратени директно до определената канцеларија на IRCC која се занимава со апликации за виза. Определената канцеларија на IRCC може да не е во вашата земја на живеење.
Локализација на податоци:
Ако вашиот локален закон бара тие лични податоци да се чуваат во вашата земја, тогаш VFS Global ќе го почитува тој закон. Ова е применливо само за лични податоци собрани за одредбата за дополнителни услуги како што е наведено во Точка 2 (Домен) погоре.
Доколку сакате да дознаете повеќе за нашите практики за пренос на податоци, ве молиме контактирајте го нашиот Службеник за заштита на податоци.
9. Колку долго се чуваат вашите податоци?
Личните податоци за вашата апликација за виза се бришат од системите на VFS Global по успешното пренесување во канадската дипломатска мисија.
Само вашето име и детали за контакт, како и бројот на пасошот, се задржуваат за закажување термин, следење на напредокот на вашата апликација за виза и враќање на вашите документи. Овие лични податоци се уништуваат (30) триесет дена по завршувањето на дадените услуги или како што е договорено од страна на Канада.
Ако користите работна станица за самостојна услуга во нашиот VAC, податоците на оваа работна станица се бришат по завршувањето на секоја сесија.
Ако не контактирате со дополнителни прашања или жалба, може да ги задржиме вашите информации за контакт, референтниот број на апликацијата додека се реши вашето прашање.
Од нас законски се бара да поседуваме некои видови информации за да ги исполниме нашите законски обврски (на пример, фактури за законско оданочување).
10. Со кого ги споделуваме вашите информации?
Ние ги споделуваме вашите лични информации со канадската влада како овластен давател на услуги. Овие информации ги вклучуваат личните информации доставени од вас за поддршка на вашата апликација за виза.
Ние нема да ги споделиме вашите лични информации со трети страни, како сo компанијата за курирска достава на документ, без ваша согласност. Оваа согласност може да биде експлицитна, како на пример кога давате согласност вербално, писмено или онлајн, или имплицитна, како на пример кога склучувате договор со нас за да ви дадеме дополнителна услуга.
Ние користиме само партнери кои имаат воспоставено задоволителни мерки за заштита на податоци и кои се одобрени од Владата на Канада.
Ние ќе ги откриеме личните информации само кога ќе бидат побарани од јавен орган и само ако тоа барање е поддржано со судски налог и со дозвола на Канада.
Ние исто така може да споделиме и информации за вашата соработка со нас во канадската влада во врска со жалба, барање, барање за пристап до податоци или како што се бара од страна на канадската влада.
11. Вашите индивидуални права во врска со вашите лични податоци;
Според законот за заштита на податоците на вашата земја, може да имате одредени права во однос на личните информации што сте ги обезбедиле кога барате дополнителни услуги.
Овие права се:
Право да бидете информирани како се употребуваат вашите лични информации.
Право на пристап и копија од вашите лични информации.
Право на исправка доколку вашите лични информации се неточни.
Право да се избришат вашите лични информации. (Каде што законот го дозволува тоа).
Право да се ограничи обработката на вашите лични информации.
Право на преносливост на податоци.
Право на приговор за тоа како се употребуваат вашите лични информации.
Право поврзано со автоматско донесување одлуки и профилирање.
Забелешка: Пристапот до одредени права може да варира во зависност од вашата земја на живеење и дестинацијата каде што е поднесена апликацијата.
За повеќе информации во врска со вашите права може да ја контактирате:
Канцеларијата на Комесарот за приватност на Канада
30, Victoria Street
Gatineau, Quebec, Canada
K1A 1H3
https://www.priv.gc.ca/en/report-a-concern/
или контактирајте го нашиот Службеник за заштита на податоци.
12. Пристап и ажурирање на вашите лични информации.
Имате право да пристапите и да побарате копија од информациите што VFS Global ги поседува за вас. Ние не можеме да обезбедиме пристап или копија од личните информации што сте ги дале како поддршка за вашата апликација за виза, за ова мора да ја контактирате определената канцеларија на IRCC.
Доколку побарате пристап до вашите лични податоци, ние со задоволство ќе се согласиме, во врска со сите релевантни законски барања и исклучоци. Пред да ви обезбедиме податоци, ќе побараме доказ за идентитетот и доволно информации за вашата интеракција со нас за да можеме да ги лоцираме сите релевантни податоци.
Пристапете до вашите лични информации.
13. Како се заштитени вашите податоци?
Кога ни давате лични информации, ние превземаме чекори за да се осигураме дека тие се обработуваат безбедно. Секоја чувствителна информација е шифрирана и заштитена и кога се пренесува и кога се складира. Ние ги заштитуваме вашите лични податоци следејќи ги безбедносните барања од нашиот договор со канадската влада, кој наведува дека Договарачот мора во секое време да ја штити приватноста на било какви лични информации, како што се подразбира во канадскиот закон, особено актот за приватност (1985) и актот за заштита на лични информации и електронски документи (2000).
Нашите центри за аплицирање за виза се сертифицирани според ISO/IEC 27001:2013 стандардот за безбедност при користење на информации. Ова осигурува дека начинот на кој VFS ги користи вашите информации е проверен и потврден од независна страна.
На нашите веб страни кога сте на безбедна страна, ќе се појави икона за заклучување на лентата за адреси на повеќето веб пребарувачи. Ова значи дека преносот на информации од вашиот пребарувач на нашите веб сервери е шифриран за да се сочува безбедноста.
Ве молиме имајте на ум дека emails може да се пренесуваат нешифрирани преку Интернет, и никогаш не може да се гарантира дека тоа е 100% безбедно. Како резултат на тоа, не вклучувајте лични информации во email кога комуницирате со нас, ако го правите тоа, тоа на ваш сопствен ризик.
14. Кого да контактирате доколку сте загрижени за приватноста?
Ако сметате дека погрешно се постапувало со вашите лични информации или имате поплака за тоа како се ракуваат/употребуваат вашите лични податоци, имате право да се жалите.
Може да се пожалите на нашиот Службеник за заштита на податоци, или во Канцеларијата на Комесарот за приватност на Канада, нагласувајќи како мислите дека вашите права можеби биле засегнати со обработката на податоци извршени од страна на VFS Global.
За повеќе информации во врска со вашите права може да ја контактирате:
Канцеларијата на Комесарот за приватност на Канада
30, Victoria Street
Gatineau, Quebec, Canada
K1A 1H3
https://www.priv.gc.ca/en/report-a-concern/
Водечки надзорен орган на VFS Global’s EU е:
Комисијата за заштита на податоци на Ирска
21 Fitzwilliam Square South
Dublin 2
D02 RD28
Контактирајте не.
Ние разбираме дека можеби имате прашања во врска со ова Известување за приватност или за нашите практики за приватност. Ве молиме слободно контактирајте не на еден од следниве начини:
Службеник за заштита на податоци на VFS Global’s Group:
Email: DPO @ vfsglobal.com
Поштенска адреса:
VF Worldwide Holdings Ltd,
Unit 3205, 32nd Floor,
Jumeirah Business Centre,
1 Tower, Cluster G,
Jumeirah Lakes Towers,
P.O. Box 114100,
Dubai,
UAE.
Внимавајте на лажни понуди за вработување
Лажно регрутирање на работници / Лажни понуди за вработување
ВФС Глобал доби информации дека, поединци кои погрешно се претставуваат како нивни агенти или претставници им пристапувале на луѓето со понуди за лажни / фиктивни можности за вработување, со намера да ги украдат нивните лични податоци или да изнудат пари од нив. Ве молиме да внимавате и правилно да размислувате доколку се случи да добиете понуда за вработување, за која е потребно да се исплатат било какви такси / пари или пак доколку добиете ветување за добивање на работна виза во замена за одредена сума на пари. Споменатите понуди се целосно лажни и неважечки. ВФС Глобал не е агенција за регрутирање на работници и не нуди услуги за вработување. Измамниците работат првенствено преку интернет, е-пошта, телефон итн. Ние ги предупредуваме луѓето да внимаваат на ваквите измами.
Ве информираме дека ВФС Глобал претставува компанија за обработка на визи и ние работиме само со владини и дипломатски претставништва за исполнување на нивните административни барања за обработка на апликациите за виза. Ниту ВФС Глобал ниту неговите претставници нема, под било какви околности, во просториите на ВФС Глобал или надвор, да бараат пари од поединци за да ги намамат со можности за вработување. Доколку добиете било каква понуда што би требало да биде од ВФС Глобал, во која се бара одреден износ на парични средства, тогаш се работи за измама.
Предупредувачки знаци за постоење на измама за вработување
Следниве неколку примери се примери на измама при вработување кои се во спротивност со работењето и етичките практики на ВФС Глобал:
Е-поштата не е испратена од официјална адреса за е-пошта на ВФС Глобал, туку од бесплатна е-пошта, како што се: Hotmail, Gmail, Outlook, Yahoo, итн. Исто така, возможно е електронската порака да биде испратена од лажна е-адреса.
Од Вас се бара да откриете приватни или доверливи информации.
Од Вас се бара да одржите интервју преку телефон или преку програма за инстант-пораки.
Од Вас се бара да исплатите некакви такси/парични средства.
Од вас се бара да пополните лажни документи за вработување, како што се формулари за апликација или виза за вработување (името и логото на ВФС Глобал би можеле да бидат фалсификувани / фабрикувани и прикажани на документацијата без овластување).
Се инсистира на итност.
Ќе Ви бидат побарани парични средства за обработка на дозволи за работа, апликации за виза или слично.
Ваквите активности веројатно се наменети за да се измамат жртвите или од нив да се добијат лични податоци.
Активностите на овие лица вклучуваат кривична и граѓанска одговорност. И покрај тоа што ВФС Глобал сериозно ја сфаќа таквата материја и го задржува своето право да контактира со надлежните агенции за спроведување на законот, да ги испита и гони ваквите незаконски активности, најчесто е тешко да се лоцираат и судат овие лица.
Затоа, доколку добиете барање, или писмено или вербално, за интервју или понуда за работа за која сметате дека е или може да биде измама или Ви предизвикува сомнеж, Ве молиме да го игнорирате. Исто така, ова може да го пријавите во ВФС Глобал на [email protected]
Доколку дознаете дека е извршена измама, Ве охрабруваме веднаш да ги контактирате локалните полициски служби и/или надлежните органи и исто така да не информирате со тоа што ќе пријавите измама на [email protected]
ВФС Глобал во никој случај односно, под никакви околности не одговара или не сноси одговорност за било каква загуба, штета, трошоци или непријатности како резултат на овие неовластени лица и/или активности.
Надоместоци за услуги што ги нуди ВАЦ:
| Надоместок за услуга (по апликант) | Вредност во канадски долари (вклучен ДДВ) | Вредност во МКД (вклучен ДДВ) |
|---|---|---|
Услуга за курирска пошта (за еден апликациски пакет) - внатре во Скопје | $6.82 | 307.00 |
Услуга за курирска пошта (за еден апликациски пакет) – сите други градови | $11.80 | 531.00 |
Фотокопирање | $0.22 | 10.00 |
Принтање | $0.44 | 20.00 |
СМС | $3.00 | 135.00 |